РИА Новости: Влезот на Македонија во НАТО може да биде решен за три-четири месеци

Eвропски дипломат за РИА Новости изјавил дека прашањето за влез на Македонија во НАТО може да биде решено за три до четири месеци.

„Преговорите драстично се забрзаа. Планираме да ги завршиме за три до четири месеци, што значи на есен“, изјавил европски дипломат за руската агенција.

И претходно овој дипломат изјавувал дека Македонија може да стане членка на НАТО до пролетта 2018 година. Во врска со тоа, Скопје е подготвено на промена на името, јави РИА Новости.

Преговорите наеднаш се забрзаа и ќе завршат за три-четири месеци, вели дипломатот и додава дека тоа забрзување сега се прави на иницијатива на САД, пренесе РИА Новости.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе