„Немаме такви информации“, одговориле од аеродромот Бишкек на прашањето на РИА новости дали во авионот имало членови на семејството на Назарбаев. Во Казахстан во тек се големи демонстрации против двојното зголемување на цената на течниот нафтен гас што се користи како гориво за автомобилите.
На 4 јануари властите на Казахстан објавија дека се подготвени да го исполнат главното барање на демонстрантите – намалување на цената на бензинот. И покрај тоа, протестите се проширија во повеќе градови. Владата воведе државно регулирање на цените на бензините и дизел горивата за 180 дена. Во целата земја е воведена вонредна состојба.






