Кандидатот за бугарски министер за надворешни работи со порака

14 декември не е реален рок за договор со Македонија, вели Даниел Лорер

Даниел Лорер од коалицијата „Промената продолжува", кој се смета за најсериозен кандидат за министер за надворешни работи во новата влада во Софија, изјави за БТВ радио дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор со Македонија.

Говорејќи на темата дали ќе има разврска во спорот меѓу Македонија и Бугарија, Лорер рече дека ако биде оставена единствено историјата да ги движи преговорите меѓу двете земји, тоа нема да биде доволно добар резултат и двете страни.

Според Лорер, ќе бидат отворени и дополнителни дискусии во однос на економскиот напредок меѓу двете земји.

„Почитувањето на правата на македонските Бугари е од првостепено значење, рече тој и посочи дека претстојат преговори врз база на факти, а не на шпекулации доколку тие права биле повредени. А разговорите за историјата ќе се движат напоредно, така што и Софија и Скопје ќе бидат задоволн“, додаде Лорер.

Тој оцени дека заедничката историска комисија меѓу Скопје и Софија не предлага напредок и двете страни се чувствуваат незадоволни од тоа што се случува и треба да биде пронајдена нова формула. Нејзина функција, вели тој, треба да биде за да помага, но не да биде и единствена во тој процес.

Лорер додава дека спорот бил длабок и тие дискусии треба да го поминат својот пат и тоа се случува меѓу сите соседни народи на Балканот.

„Патот, не само на Северна Македонија, туку и на Албанија и останатите земји од регионот е кон ЕУ и Бугарија би сакала кога Северна Македонија ќе влезе во тој процес, дека тоа ќе се случува без правата на македонските Бугари да бидат повредени. Но од друга страна, треба да има економска програма, што ќе ја обезбеди економската благосостојба и ние имаме доста кон конкретни планови, тоа да се случи“, рече тој.

На прашањето дали ќе биде предложен за министер за надворешни работи на Бугарија, Лорер ниту демантираше, ниту потврди.

„Ние очигледно во нашиот табор имаме некакви идеи за позиции, но сето тоа треба да се финализира во коалициските преговори кои ни претстојат во наредните седмици. Коментирарите од Репуублика Северна Македонија, кои се всушност коментари на наши претходни изјави не би требало да влијаат на нашите решенија", рече Лорер.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе