Решавањето на спорот со Бугарија не е услов за преговори со ЕУ, ама одлуките се носат со консензус, вели Османи

Решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија не е издигнато како услов на ЕУ за отпочнување на преговори за членство, а инсистирањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ова прашање да се реши побрзо е поради тоа што сите одлуки во ЕУ се носат со консензус и додека нема согласност од Бугарија процесот на преговори не може да почне, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Политиките за проширување во Европскиот совет се носат со консензус и доколку нема согласност на една од 27-те земји членки процесот не може да се движи напред. Така што, сѐ додека Република Бугарија не даде согласност за усвојување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција, тоа значи дека нема консензус и не може да се движи напред. Претпоставувам дека во тој контекст е поставено прашањето со Бугарија, не како услов на ЕУ, бидејќи 26 земји членки беа за текстот на преговарачката рамка изминативе месеци и за почнување преговори во декември, единствено против беше Република Бугарија“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој вели дека засега нема ништо ново во однос на разговорите со Бугарија. Според него, нашиот фокус во моментов се работите од Договорот со Бугарија за кои имаме помалку разлики, бидејќи, како што рече, јасно е дека политиката во Софија е фокусирана на нивните внатрешни прашања и изборите кои наскоро ќе се одржат.

Но, додава, добро е во текот на овој период да се искористат деновите да се искомуницираат институциите што се однесува до секторските политики.

„Комисијата за историски и образовни прашања изминатите денови одржа седница, тие треба да го усвојат годишниот извештај за работата на оваа комисија и овој документ заедно со акцискиот план, кој скоро е договорен, се предуслови да се одржи оваа средба. Во мигот кога ќе го имаме годишниот извештај на Комисијата, акцискиот план и фокусот на бугарската политика за овие прашања, јас мислам дека може да определиме датум за Комисијата. Тоа нема да ги реши работите за кои имаме разлики, но сепак ќе креира едно повисоко ниво на доверба за да продолжиме со заедничките теми“, рече Османи.

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе