Реакција

Ременски: Зошто МВР не реагираше на црвената потерница? Дали државата се откажа од македонскиот дипломат Миленкоски?

Додека заменик-амбасадорот на РСМ во ОБСЕ Миле Миленкоски се наоѓа во екстрадициски притвор во Врање, кај нас веќе е направен дефокусот од клучното прашање: зошто МВР преку Секторот за меѓународна полициска соработка - Одделот за Интерпол и отсеците за потраги не ја операционализирале и извршиле „црвената потерница на Интерпол“, а тоа го направи српската полиција, напиша на својот фејсбук-профил Фросина Ременски, професорка на Факултетот за безбедност.

Нејзиниот пост го пренесуваме во целост:

„И додека со недавање на одговорите на ова прашање се прави клучниот дефокус и се зборува за важноста на безбедносниот сертификат кој му бил издаден во фаза на реформата на УБК со голема веројатност дека, проверката била негативна, Миле во Врање чека (претпоставувам) дека, државата чиишто застапник како дипломат бил, ќе преземе чекори за постапување во вакви случаи кога нејзини државјани се притворени, се во екстрадиционен притвор или се бараат по потерници.

Дали државата се откажа од Миленкоски? Да.

Дали државата има право да се откаже од правните постапки што ги има како можност? Не.

МНР и Министерството за правда имаат потполно право да побараат Миле Миленкоски да биде екстрадиран во РСМ, и оттука да биде продолжена постапката за негова екстрадиција во Ерменија доколку за тоа се одлучи на основа на релевантна постапка и аргументи.

Фактот што ниту МНР, ниту Министерството за правда како државни институции немаат интерес дури да му доделат адвокат за застапување во Врање, Србија, зборува дека, државата со овој гест ги признава сите досега направени институционални пропусти кои задираат во нереализирање на протоколите за оперативно полициско постапување на Интерпол и нашето Национално биро при МВР.

Кога го пишувам ова ми доаѓа сеќавање на изјавата на Горан Живаљевиќ по упадот во Собранието на 27 Април 2017 година и дипломатскиот гест на повлекување на персоналот од српската амбасада во Скопје. Тој во телевизиска емисија изјави дека: „Државата Србија, Претседателот Вучиќ и цела БИА застанала зад него ...“.

Кој знае може истите ќе застанат и зад Миле?

Ова го заклучувам заради следното: Ако нашето МВР постапеше (морало) по „црвената потерница“ од Интерпол, тогаш задолжително требаше да биде одреден екстрадиционен притвор тука.

Во фаза на оценка и преоценка на барањето за екстрадиција (бидејќи се работи за државјанин на РСМ и дипломат), нашите институции ќе имаа можност преку меѓународна полициска соработка во кривична област да ги добијат и оценуваат дејствата на тројцата дипломати и „слепиот патник (Бранислав Димитријевиќ)" и на крајот да одлучат дали и кога ќе биде испорачан Миленкоски во Ерменија.

Во таа фаза, нашите надлежни институции ќе можеа да дознаат многу повеќе детали и информации и од полициските служби на Интерпол членките, и од ерменското обвинитесктво, а ќе можеа дополнително да истражат дали Миленкоски и другите двајца дипломати употребиле и злоупотребиле доверливи информации од канцеларијата на ОБСЕ или МНР во реализацијата на разузнавачката операција за извлекување на македонско-српскиот државјанин Бранислав Димитријевиќ, за да може да биде оправдан првенствениот тукашен фокус - безбедносниот сертификат, а не злоупотребата на дипломатскиот статус и можната шпионажа.

Доколку било постапено вака, тогаш нема денес истражувачите да лутаат во барањето на одговори од замолчените институции. Точно ќе се знаеше: кој и во чиј интерес го направил „подобен“ неподобниот Миленкоски во последната безбедносна проверка.

Дали безбедносната „подобност“ му овозможила контакти со странски разузнавачки служби кои можеби имале интерес за реализација на операција за извлекување на бизнисмен или разузнавачка? Дали институциите имаат јасен преглед за државниот и имотниот статус на дипломатите? И она најважното: дали институционалното непостапување на МВР по црвена потерница од Интерпол нѐ прави подобен партнер за соработка во случаи на сузбивање на транснационален организиран криминал, ако во тој контекст се додаде и крадењето на идентитетите и изготвувањето на биометриски пасоши за лица барани по меѓународни потерници?

Ако на сето ова се додаде индолентниот однос на државниот јавен обвинител и ОЈО за ГОКК, кои се исклучиво надлежни за прашањата и соработката за транснационален организиран криминал, постапување и непостапување на овластени службени лица од МВР, и ако станува збор за непостапување по интернационална потерница и злоупотреба на дипломатски статуси на организиран начин на наши дипломати, тогаш очигледно е дека обвинителството, МВР и МНР се во сериозна несериозност и проблем, што веќе е оценето како „голема и недозволена грешка и незаинтересираност“. Извештајот и предупредувањето ќе стигнат бргу.

Заклучувам дека Миленкоски со статус, во моментот без статус ќе биде екстрадиран во Ерменија.

Тоа што е без статус е прашање на нашите институции и зошто не прават ништо. До следната многу поголема безбедносно-дипломатска афера сите ќе се прават недоветни и ќе креираат вештачки медиумски интереси за сосема небитни теми („дали Спасовски или Чулев знаеле за потерницата - не требале да знаат, зошто има служба за тоа во МВР“, или „дали Вилма Русковска планира „да напредува“). Наспроти фактот дека сите треба да бидеме загрижени кога организирано не функционираат принципите и правилата во спроведување на истрагите кога МВР е/беше во прашање и дека, само дилетанти „без срам и перде“ можат да се повикуваат на закони, правила и принципи, а истите да не ги применуваат кога најмногу треба и кога сите очекуваат...

Единствена, единствена институција која прима, распишува и постапува по меѓународни потерници е МВР - Секторот за меѓународна полициска соработка при БЈБ, односно Националното централно биро на Интерпол во рамките на овој Сектор. За оваа проблематика (меѓународни потерници) овој Сектор непосредно и директно соработува со Одделот за потраги и двата отсеци за меѓународни и национални потраги во состав на Одделот за потраги при МВР. Кога Интерпол со националните бироа (во овој случај Бирото во МВР) ќе сподели информација за распишана меѓународна (црвена) потерница, полицијата мора да ја операционализира во конкретно дејство што подразбира известување по телеграма за задолжително постапување од полициска станица до регионални центри за гранични работи кои покриваат место на живеење, гранични движења на влез-излез на лица во и од државата, но и постапување за сите останати сектори за внатрешни работи при МВР. Граничната полиција на граничните премини и аеродромите по такви телеграми и потерници мора задолжително да постапи, затоа што во дознаката за постапување по меѓународна (црвена) потерница стои - „апси“.

Меѓународната потерница во МВР за Миле Миленкоскии била ставена во фиока и не била процесуирана во вид на „задолжително оперативно постапување на полицијата за бараното лице по црвена потерница“. Логично. Како српската полиција постапила, а нашата полиција не постапила по потерницата која истовремено од Интерпол се проследува до сите полиции кои постапуваат по црвени потерници?

Ако граничните служби не добиле „телеграма“ за полициско постапување по меѓународна потерница од страна на секторот за меѓународна полициска соработка и потраги во МВР, тогаш како е можно да постапат при контрола на Миле Миленкоски, за да го контролираат неговото движење? Значи не добиле телеграма за задолжително постапување. Но, затоа српската полиција добила, постапила и го лиши од слобода Миленкоски, а судот во Врање му одредил „екстрадициски притвор“ по потерницата.

...Дали последниот директор на УБК, Горан Николовски на 9 февруари 2019 година (во екот на реформата на УБК) и покрај негативната оперативна проверка за Миленкоски, му овозможил предулов да се здобие со безбедносен сертификат „строго доверливо!? Какви контакти сокрил и за чии интереси?

ОЈО за ГОКК по службена должност до сега требаше да отвори истрага за злоупотребата на дипломатскиот статус за транснационален организиран криминал и шпионажа и за непостапување на надлежната институција по меѓународни потерници - МВР. Фактот што до денес, нема никаква најава за истрага од ОЈО ГОКК, како држава нѐ прави несериозен партнер во организациите како што се ЕУ, ОБСЕ, Интерпол...“, пишува Ременски.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе