Реакција

Ременски: Велковски мижеше пред очигледниот криминал во МВР, а денес...

Сигурно началникот на Одделот за организиран криминал во МВР, сега пензионерот Лазе Велковски, „америчкиот професионалец“, се смеел кога на 25 мај минатата година ги објавив документите и пријавите со лажгите во парламентарен надзор за Сиљан Аврамовски, „америчкиот професионалец“ за кого 41 месец не важеле законите за пензионирање на оваа држава, туку важел „законот по Мијалков“, реагира поранешната пратеничка Фросина Ременска на информациите за одлуката на министерот Оливер Спасовски да го пензионира Лазе Велковски иако имал право да продолжи со работа.

„Наместо тогаш, пензионерот Лазе да засука ракави и по службена должност да отвори постапка по оваа пријава во МВР, тој избра да го прикрива незаконскиот претрес во мојот дом на кои кумуваа „удбаши со паднати панталони“, а раководен од неговата довчерашна шефица Вилма.

Денес кога е впрегната медиумска ергела во одбрана на Лазе пензионерот, чиишто права биле прекршени и кога се бројат закони кои биле прекршени намерно ќе отсуствува мојот стручен аргумент за оваа тема. Прво, затоа што Лазе мижеше на очигледниот криминал во МВР кој беше должен да го расчисти и кога беше директор на БЈБ и кога стана началник на организиран криминал и кога отиде истражител кај Вилма.

Но, за сметка на тоа се зафати со прикривање на незаконски претрес со другарите од внатрешна контрола, се смееја дека ја откачиле професорката од конкуренција и тој и тие околу него и продолжи да прави финти „ала Диме Спасов и Бранко“ со сообраќајките. Лазе едно време прикриваше и сообраќајки на видни функционери, за тие што не знаат.

Да беше Лазе професионалец немаше да ја премолчи оштетата на Буџетот на МВР од над 250.000 евра во незаконски плати и бонуси на пензионерот Сиљан, туку ќе го расчистеше и немаше да се смее, зошто не беше и не е смешно.

Е сега, МВР сѐ уште од Сиљан пензионерот не ги бара 41-та плата назад, а Лазе пензионерот заврши во пензија со дискрециско право на работодавачот кое за време на Сиљан не важело, ама тогаш важел „законот по Мијалков“.

Така му иде тоа Лазе - на криминалот на кој вчера си се смеел, денес велиш дека е криминал.

Штета што ЈО Бундалевска која за Сиљан рече дека „овој криминал не е криминал“ по „америчка“ заслуга отиде во вишото ЈО, во спротивно ќе ти го решеше и твојот проблем. ММЕ кој прв почна“, коментира на својот фејсбук-профил Фросина Ременска, поранешен член на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе