По оставката на Зоран Заев

Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ, денеска ќе се кандидира и Ковачевски

Поранешната министерка и висок функционер во СДСМ денеска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Кандидатура ќе поднесе и заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски кој најави дека потоа ќе даде изјава за медиумите.

Заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски соопшти дека денес официјално ќе ја поднесе кандидатурата за лидер на СДСМ.

„Денеска официјално ја поднесувам кандидатурата за претседател на СДСМ во седиштето на партијата, по што во 12.30 часот ќе дадам изјава пред главниот влез“, информира Ковачевски.

Ковачевски овој месец стана фаворит за лидерската функција по оставката на Зоран Заев, откако присуствува со него во преговорите со Алтернатива за влез на таа партија во Владата. 

Утрово своја кандидатура за функцијата претседател на СДСМ поднесе поранешниот функционер Фросина Ременски.

„Ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период, согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, активистите и симпатизерите на СДСМ“, изјави Ременски пред партиското седиште.

Вели дека одлуката ја донела врз основа на нејзиниот целокупен општествено-политички и партиски активизам.

СДСМ објави дека заинтересираните членови со најмалку 5 години стаж во партијата можат да се кандидираат за највисоката функција. Постапката е започната, а на 12 декември е предвидено да се избира нов претседател на СДСМ.

Програмите на сите кандидати кои ќе поднесат кандидатура ќе бидат објавени и на официјалната интернет страница на СДСМ.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе