Ременски побара оставка од Вељаноски: Претставува безбедносен ризик поради сертификатот за доверливи информации

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, денеска побара оставка од поранешниот претседател на Собранието, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, кој, според неа, претставува безбедносен ризик поради сертификатот што го поседува за доверливи информации и е на рамниште со осудените за настаните од 27 април. 

Ременски вели дека смета оти Вељаноски е недостоен да биде претседател на Комисијата за надзор над УБК и Агенцијата за разузнавање.

„Имаме морализирање на статусот на Павле Богоевски на неутврдена вина наспроти статусот на пратеникот Трајко Вељаноски, кој е под сомнение и при крај на поведување обвинителен акт поради здружување во непријателска дејност против државата за настаните од 27 април“, изјави Ременски.

За неа е проблематично што Вељаноски ќе делегира и двајца пратеници во комисијата за селекција за Агенцијата за национална безбедност во рамките на законите што вчера беа изгласани со двотретинско мнозинство.

„Тоа дополнително како пратеници, веќе сега не исправа и пред една многу посериозна дилема од аспект на тоа дали имателот на безбедносен сертификат ‘државна тајна’ обвинет за дела против државата, може и смее да гледа строго класифицирани документи и извештаи за работа на токму тие безбедносни служби кои што ги обезбедија доказите за учеството во организација на насилните настани во Собранието кои што се дела против државата”, додаде Ременски. 

Вељаноски е еден од осомничените за настаните од 27 април, а пред три месеци пропадна обидот Собранието да му го одзеде имунитетот.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе