НА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА

Ректоратот заклучи посебна комисија да заклучи за случувањата за студентските избори

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од 8 часот на вонредна седница расправаше за контроверзиите при изборот на нов студентски лидер. Од присутните беа осудени случувањата во четвртокот, беа дадени различни аргументи од различни страни, беа презентирани и материјали од немилите настани за изборниот ден... На крајот, управата одлучи посебна комисија да ги разгледа и доиспита сите работи кои би биле во полза во комплетно расчистување на настаните. 

Идејата за формирањето на ваква комисија дојде од Вујица Живковиќ, декан на Факултот за физичка култура. Таа беше прифатена од ректорот во заминување, Велимир Стојковски, но не и од дел од професорите и Студентскиот пленум, чии претставници исто така учествувааа на дискусијата на вонредната седница.

Од Студентскиот пленум рекоа дека не е време сега за т.н. Анкетна комисија, која ја окарактеризираа како смешна и несериозна. Потенцираа дека не е време за компромисни решенија, туку сметаат дека е алармантна ситуацијата, и е потребен итен конкретен став од УКИМ, со цел да даде порака дека е решен да се справи со скандалозните студентски избори од 30 јуни.

Нагласија дека веќе предадоа 2.000 страни документација, детален приказ од Централен регистар за нелегитимните претставници на студентски парламенти при УКИМ, па бараат веднаш тие да се исклучат од Сенатот и од наставно-научните совети. Потсетија дека дека веќе договорено формирање на Комисија со претставници на Студенти пленум, Студентски парламент и сенатори, кои до 15 септември треба да работи на измените на Статутот за студентското дејствување.

Ја осудија и акцијата на ЕБР кога вечерта на 30 јуни беа насилно влечени и тргани студенти од СПУКМ, а притоа нагласија дека од МВР изоставува нивната пријава за кражба на избирачки кутии и насилството врз Студентски пленум и поддржувачите.

„Повикавме полиција поради насилство против врз нас и кражба на кутии. Седум часа немавме поим каде се кутиите. Кој ги повика ЕБР и како имаа дозвола да влезат без дозвола на ректорот?“, праша Ивана Туфегџиќ од Пленумот.  

Од друга страна, Кирил Спировски од Студентски парламент рече дека и врз него имало насилство. Тој побара дополнително време и нови средби за да се подготват во техничка смисла и да ги презентираат своите аргументи. Односно, како што рече, да не се избрзува со одлуки, туку „да ни се даде дополнително време за да се подготвиме и да се согледаат сите страни“.

Во однос на претходно договораната комисијата за Статутот, Списовски тврди дека и СПУКМ ќе имаат свои предлози, став за проблемите со студентското организирање.   

Низ расправата дел од професорите побараа поништување на контроверзните избори за претседател на СПУКМ, други бараа суспендирање на учеството на студентите во органите на УКИМ, додека не се изберат легитимни претставници. Беше споменато и УКИМ да најде нов начин да се спроведуваат изборите.

Деканот на Правен факултет, Борче Давитковски беше против формирање на комисија. Тој е на ставот: „Ако имаш проблем што не сакаш да го решиш, формирај комисија“. Наброја низа поенти, барања - ректорската управа да ги оцени изборите како скандалозни, со низа нерегуларности што ескалираа со физичка пресметка меѓу студентите и вмешување на претставници на МВР, кои не беа повикани од одговорните лица од УКИМ.

„Второ, ректорската управа на УКИМ, тргнувајќи од основното начело за владеење на правото, најостро ги осудува сите форми на насилство во државата, особено сите форми на притисоци врз своите студенти, изведени од било кои државни органи, невладини организации или поединци. За ректорската управа не постои причина или аргумент студентите да навлезат во физичка пресметка, од СПУКМ или Студентски пленум, исто како што е неприфатлива акција на МВР вечерта на 30 јуни. Општиот впечаток во јавноста е дека ЕБР со својата акција внесоа дополнителен раздор и јаз меѓу двете групи“, рече Давитковски.

Исто така, тој побара УКИМ и Студентскиот парламент активно да се вклучат во подготовката на статутарните измени и да престане секој вид на партизација и политичко манипулирање со студентите, но и поништување на изборите на 30 јуни.

Ректорот Стојковски, а потоа мнозинтстово од  ректорската управа, ги прафатија овие заклuчоци, освен поништувањето на изборите. Овие заклучоците беа и изгласани од управата, но без Давитковски, кој претходно ја напушти седницата.  

„Сите докази од двете страни ќе бидат доставени до новоформираната комисија која ќе биде составена од петмина декани – членови на Ректорската управа кои ќе треба да донесат заклучок што точно се случило на денот на изборите“, рече ректорот во заминување Велимир Стојковски.

Инаку, за време на седеницата пред Ректоратот дојдоа дадоа студенти и претставници на Студентски пленум.

Б.Ш.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе