Се заокружува Договорот од Преспа

Реконструкција на Владата, без ограда, се чека на новиот напис „Влада на Република Северна Македонија“

На владината зграда веќе го нема написот „Влада на Република Македонија". Денеска Македонија ќе ја добие вербалната нота со која Атина ќе информира дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнувањето на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани.

Во Службе весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон.

Следува заедничко писмо на Република Северна Македонија и Република Грција до генералниот секретар на ООН, со кое го информираат генералниот секретар Антонио Гутереш за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што се става  крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

Потоа за промената на името ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации.

Владата формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и дипломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што изјави неодамна владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе