По изборите на Косово

Река: Победата на Курти е добра вест за посткоруптивeн Балкан, нема промена во односите со Македонија

Косово синоќа положи уште еден успешен демократски испит, одржа мирни избори, без инциденти и чии што резултати веднаш беа прифатени и од партиите кои што изгубија, оценува професор Блерим Река од Универзитетот на Југоисточна Европа. Победата на Движењето Самоопределување на Албин Курти, според него, нема да донесе промени во односите меѓу Косово и Македонија, напротив Курти најави конкретни заеднички транспортни и инфраструктурни проекти со земјава.

„Како што и се очекуваше, на изборите во Косово победи Движењето Самоопределување, на Албин Курти, најмладата политичка партија на Косово, којашто ги победи старите партии ДСК, ДПК, ААК, кои што владееја речиси две декади.

И пред две години, на изборите во 2017, партијата на Курти победи, но другите партии, не ѝ дозволија да формира влада, оставајќи ја во опозиција. Овој пат, по сѐ изгледа Самоопределување ќе формира влада со најстарата посткомунистичка партија - Демократскиот Сојуз на Косово, основана од  Ибрахим Ругова, која што досега исто така беше во опозиција“, вели професорот Река за МКД.мк.

На прашањето што беше пресудно за победата на Курти и неговото Движење Самоопределување, Река објаснува дека победата е базирана на платформата за ослободување на заробената држава, за република со владеење на законот, за борба против корупцијата, организираниот криминал и непотизмот, за владеење со чисти раце и за изнесување пред лицето на правдата на сите корумпирани и криминалиризарани политичари кои се огрешиле со законот.

Ваквиот внатрешен столб на победничката платформа на Албин Курти, според професорот Река, е на линија и со стратегијата на САД за глобална војна против корупцијата, како приоритет на надворешната политика, спречувајќи ги надворешните влијанија од воневроатлантски фактори и обидите преку корумпираните државници, да пенетрираат на Балканот. Притоа потсетува дека САД и ЕУ е основната стратешка определба на Курти и неговата партија.

Во овој надворешен столб на неговата платформа, пак, според Река се и добрососедските односи со сите соседни држави.

„Што се однесува до односите со Република Северна Македонија, и порано, а и во текот на оваа изборна кампања, Курти јасно кажа дека ќе продолжи со одличните билатерални меѓудржавни односи.

Освен продолжување на генерално позитивната линија помеѓу двете држави, тој најави и конкретни заеднички транспортни и инфраструктурни проекти со Македонија, најавувајќи дека на првата средба со Владата на Република Северна Македонија, ќе предложи градење на тунелот на Шара, којшто ќе ги поврзува Тетово и Призрен. Тоа ќе биде придобивка не само за граѓаните од двете страни на границата, туку и побрз коридор кон Јадранското Море, до Драч во Албанија“, ни изјави професорот Река.

Но, како што вели, како бескомпромисен борец против корупцијата, останува само да се види каков ќе биде односот на Курти како иден премиер, со албанските партии кои се дел од Владата на Република Северна Македонија, кои што беа против него и неговата партија, и јавно ги подржуваа партиите кој што беа дел од досегашната влада на Косово.

Што се однесува, пак, до дијалогот меѓу Косово и Србија, Река потсетува дека Курти многу пати кажал дека не е против дијалогот и дека лично ќе го води.

„Но отсега не како досегашните седумгодишни асиметрични преговори, какви што беа, туку како дијалог на две рамноправни држави, врз база на реципроцитет. Тој исто така јасно кажа дека ќе ја укине трговската такса кон производите од Србија и Босна и Херцеговина“, вели професорот Река.

Според првичните резултати, Движењето Самоопределување победи на изборите со помалку од еден процент повеќе гласови од Демократската алијанса на Косово, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање влада.

Политичката сцена на Косово претрпе тектонски промени по предвремените парламентарни избори затоа што ниту една од досегашните владејачки партии не се пласира на едно од првите две места.

 Ж.П.Б.

 

 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе