Претседателски избори 2019

Река од Тетово: Пишуваме историја за една Република за сите, со законот над сите

Претседателскиот кандидат Блерим Река од Тетово на последниот митинг во рамки на неговата кампања побара гласачите масовно да гласаат без разлика на која партија припаѓаат и порача дека гласовите на сите ќе ја направат Северна Македонија мултиетничка и евроатланска.

„Пишуваме историја за една Република за сите, со законот над сите. За Републиката во која владее правото, а не поединецот. Против заробената, приватната и правна држава, против корупцијата, непотизмот и селективната правда. Посебно против трговијата со гласови”, рече Река.

Тој им порача на политичките опоненти дека залудно се занимаваат со него и дека гласачите ќе ги победат во недела.

„Ова ваше присуство е најубедлив одговор кон тие што овие денови со говор на омраза најавуваа погреби и се занимаваа со починатите од мојата фамилија. Но вечерва нема да се занимавам со нив, затоа што гласачите ќе им одговорат најдобро во недела. Заедно со вас финишираме кон патот на победата”, изјави Река.

Лидерите на Алијансата за Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами побараа Албанците да гласаат за Блерим Река.

„Гласот за Река е почит за сите Албанци кои биле в затвор за рамноравност и достоинство на народот. Да покажете на 21 април револт против неостварените ветувања за правда. Тоа ќе биде порака дека Албанците се тука и ќе останат”, рече Села.

Касами, пак, порача дека на овие претседателски избори треба да се делегитимира власта.

„Да не заборави Заев дека режимот на Груевски беше соборен со гласот на Албанците. Можам да кажам дека и режимот на Заев и неговите соработници Албанци ќе биде соборен исто со гласот на Албанците, со гласот за Блерим Река”, изјави Касами.

На митингот поддршка за Блерим Река побара Албин Курти, политичар од Косово, лидер на движењето Самоопределување.

МИА

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе