Претседателски избори 2019

Река: Каде е градоначалникот на Кичево, зошто го нема на собирот?

Во држава каде што граѓаните не се чувствуваат еднакви и каде имаме неодговорни политичари, како во изминативе 18 години, а тоа предизвика голем егзодус, треба да ги смениме нештата, истакна вечерва во Кичево, претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река.

Река, на митингот најдолго говореше за неговиот концепт „За република“, што во основа за него значи правна држава за сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или која било друга припадност.

Тој упати критики до градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, бидејќи, како што рече, не е присутен на собирот.

Претседателскиот кандидат истакна дека тој со неговиот концепт порачува сите да бидат еднакви.

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами, нагласи дека Албанците ќе гласаат со дигнитет за концептот „За република“, што го нуди Река.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе