Претседателски избори 2019

Река: Ако станам претседател, ќе останам да живеам во Бутел, не се селам на Водно

Блерим Река, кандидатот за претседател изјави дека ако ја добие довербата од граѓаните тој нема намера да се пресели во претседателската вила на Водно, туку ќе остане да живее во скопската населба Бутел, каде што е роден и израснат.

„Ако победам на изборите, немам намера сопругата, трите деца, нивните партнери и четирите внучиња да ги преселам во претседателската вила на Водно. Скопската населба Бутел ќе остане мојата адреса на живеење, бидејќи 59 години живеам тука, тука сум роден и тука израснав“, реле Река.

Претседателскиот кандидат велерва ја продолжи кампањата во Гостивар, каде што беше поддржан од лидерите на Алијанса на Албанците, Зиадин Села, и лидерот на движење Беса, Билал Касами.

Во текот на средбата со граѓаните, Река потенцира дека основата на неговата кампања лежи во Република против приватна држава, и перспективна република - против празна држава.

„Државата не е приватна сопственост, но е наследство на сите подеднакви граѓани. Републиката не познава дозирана демокрација за статистички националитети, на кој им се даваат права онолку колку проценти се. Во една република, нема давање на права, затоа што тие права се природни права на секој државнјин на оваа држава, а не на дискрецијата на оваа владеење која одлучува: на кого, кога, и колку права ќе му се дадат. Зачленувањето во меѓународни организации не е задолжително, но доброволно. Ние одлучуваме дали ќе станеме дел од нив“, рече Река.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе