Реисот Реџепи: Судијката не ја жалам, нека почине, а со Владата веќе не сме на иста страна (ВИДЕО)

Во своето синоќешно обраќање сѐ уште актуелниот поглавар на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар, смета дека е одлука против него, и се послужи со, во најмал случај, скандалозна изјава, објави ТВ21.

„Слушнав дека имала проблеми со здравјето, сега моментално. Но, не ја жалам, таквите нека починат“, изјави Реџепи, поздравен со аплауз од оние што беа до него.

Вчера почна да се спроведува судската одлука со која Скендер Бузаку во регистарот на црквите и верските заедници Бузаку треба да биде впишан како нов поглавар на ИВЗ.

Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи за сѐ ја обвини Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, односно нејзините раководни лица и додаде дека никогаш нема да го признае директорот на комисијата Даријан Сотировски.

Реисот Реџепи уште кажа дека Владата е насочена против ИВЗ, но дека тој не е злосторник и нема тендери за да го краде народот.

„Мене ме одликувал Доналд Трамп, да му даде Господ среќа. За цел свет сум носител на мир и спокој, само во Република  Македонија сум демонстрирал сила. Јас не се заканувам, се колнам. Туку вистината ги погодува луѓето. Ние таква власт и политика не сакаме. Зборувам во име на 13 муфтии. Едногласно ги усвоивме заклучоците дека ваква власт, која се занимава со ујдурми и анархија, нам не ни треба и заради тоа кажувам дека ние ова не го сакаме и не го заслужуваме. Авангарда на сите верски заедници била ИВЗ, секогаш водиме. Нема да не злоупотребат. Бев замолен монструмот да го тргнеме. Сега кој е монструмот? Сите добронамерни нека го кренат гласот“, изјави тој.

Според него, државата е полициска, дека ова зло нема никогаш да биде заборавено и дека тој и ИВЗ ќе се вклучат во антипропаганда на овие избори.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе