ЗА ИЛИ ПРОТИВ КАЗАНДОЛ

Референдумот во Валандово заврши, уште не се знае дали е исполнет цензусот

Заврши гласањето на референдумот „за“ или „против“ отворање рудници во општина Валандово. На референдумот право да гласаат имаа 10.141 гласач, а сѐ уште не се знае дали гласале повеќе од 50 отсто од регистрираните гласачи за да биде успешно гласањето.

Неофицијално, недостасувале уште околу 300 гласа за да се изгласа одлука против отворање рудници и стопирање на изградбата на комплексот „Казандол“. На 24 гласачки места не излегле потребните 5.072 граѓани за да биде исполнет законскиот цензус.

Претставниците на иницијативата „Спас за Валандово“ изјавуваат дека пред референдумот, а и денеска во текот на гласањето имало многу притисоци и опструкции од локалните власти и од инвеститорот на рудникот „Казандол“, украинската компанија „Сардич“.

Набљудувачите на Цивил јавуваат и за низа проблеми со Избирачкиот список - граѓани биле на  електронскиот список, но не и на списокот на избирачкото место.

Украинската амбасада акредитирала околу 50 свои набљудувачи, велат од Општинската изборна комисија во Валандово. 

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе