Јавно обвинителство

Реџепи поканет на распит во ЈО за говор на омраза

Отворен е предмет по известување. Јавното обвинителство презема дејства за утврдување факти. Лицето е повикано да даде исказ, велат од Јавното обвинителство за погларавот на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи.

Во Јавното обвинителство пристигнала документацијата од МВР за случајот со реисот Сулејман Реџепи против кого Хелсиншкиот комитет поднесе кривична пријава поради говор на омраза.

Реџепи на поставувањето на камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија изрече навреди за македонскиот народ. „Не ни пречи да градат цркви, но никогаш нема да молчиме кога не попречуваат во градењето на џамиите. Замислете вие со каков див народ живееме. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот, не се освестува“, изјави првиот човек на ИВЗ , а подоцна се правдаше дека бил погрешно протолкуван, односно дека неговата изјава била извадена од контекст. Наводно дека калификациите „див и непримерен народ без идентитет“ не се однесувале на Македонците, туку само на жителите во селото Лажец.

Изјавата на поглаварот на ИВЗ ја осуди Комисијата за односи со верски заедници.

„Материјалите од МВР се распоредени кај належен јавен обвинител кој постапува во насока на утврдување на наводите од пријавата“, велат од Јавното обинителство, а  дополнително ќе информира дали ќе бара кривична одговорност од реисот Реџепи кој на социјалните мрежи објави видео од настанот каде што го држел спорниот говор.

Пратеникот Мухамед Зекири кој го повика обвинителството да отвори истрага по изречениот говор на омраза упати отворени критики за реисот, но и до имамите.

„Резил улема Сулејман Реџепи позицијата поглавар на ИВЗ ја има узурпирано со калашникови, со закани и сеење страв. Повеќе од 10 години трае неговото самоволие во таа институција. Иако е најповикан да постапува во склад со тоа на што нè учи исламот, имено да биде праведен и да ги почитува различностите, тој го прави токму спротивното“, вели Зекири.

Реџепи пред десетина дена се закани дека ќе ги информира верниците во 700 џамии во земјава дека се дискриминирани и дека по изборите ќе бара решавањето на стаусот на спорените верски објекти.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе