Реџепи од Алтернатива: Ќе одлучуваме или за носење на буџетот и брзи избори или за зголемување на мнозинството

На политичката сцена од денеска има два големи предизвици, сите политички чинители да седнат и консензуално да го донесат буџетот за следната година па да се оди на брзи парламентарни избори, а вториот е да се прошири мнозинството, вели пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива. 

Тој најави дека партиските тела на Алтернатива деновиве ќе одлучат што е поважно за државата и граѓаните и нивните интереси ќе ги стават пред партиските.  

„Ние сме политичка партија која е многу совесна со сите начела и политички предизвици што доаѓаат. Вчера не знам што се случи иако требаше да падне власта. Се случи нешто што можеби демократски е неочекувано, но настаните беа такви какви што беа, и денешниот ден државата го почна со една тешка политичка криза во која што нѐ очекуваат уште потешки времиња особено месецов што доаѓа, со тоа што доаѓаме пред два големи предизвика”, изјави Реџепи.

Тој верува дека одлуката што ќе ја донесат како партија ќе биде во интерес првенствено на државата и на граѓаните, па потоа може да се зборува за партиски интереси.

Според него, пред партијата да донесе каква било одлука ќе се разгледаат многу фактори, но меѓу најважните, како што рече, бездруго е меѓународниот фактор, но има и внатрешни фактори со кои треба да се координираат.

„И за брзи избори, па и за зголемување на парламентарното мнозинство. Верувајте одлуката ќе биде донесена согласно сите фактори и чинители во државата и со меѓународната заедница без некои конкретни гаранции, бидејќи гаранциите не се чинители, туку чинител е начинот на кој ние комуницираме со сите”, рече Реџепи.

За да има условно кажано брзи избори, опозицијата, според него, треба да помогне буџетот да помине, со консензуален договор.

Пратеникот Реџепи не знае каде е или каде бил неговиот колега од Беса, Кастриот Реџепи, но смета дека за тоа што се случи вчера некој мора да сноси одговорност, или Реџепи или власта.

„За мене лично како човек зборувам тоа беше потег кој не оди на честа на власта или пак нему. Некој мора да сноси одговорност за начинот како беше претставена демократијата во Македонија вчера. Или тој или власта. Ако тој имал став дека не сакал да го поддржи ова мнозинство што ние го имавме вчера требаше на прес-конференција утрото или ден порано да излезе и да каже „го повлекувам потписот” и „не ја поддржувам иницијативата” и точка. Немаше потреба да предизвика демократска неправда или демократска криза во државата. Некој ќе сноси одговорност или тој или тие што дозволија ваква да стане ситуацијата”, рече Реџепи.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе