Реџепи го прифати предизвикот на Мицевски, ќе се потпише на новата иницијатива за недоверба на Влада

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи го прифати предизвикот кој денеска му го предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, да се потпише на нова иницијатива за гласање недоверба на Владата, дознаваме од партиски извори на ВМРО-ДПМНЕ. 

Дел од медиумите објавија дека утре претседателството на Алтернатива ќе ја донесе конечната одлука. 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во објава на Фејсбук го повика пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи да остане потписник на иницијативата за недоверба на Владата и заедно да ја урнат.

„Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада! Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско собрание.

Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ", пишува Мицевски.

Ваквиот предлог Мицевски го објаснува со тоа да немало изговори зошто се потпишал овој или оној „бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ".

„Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското собрание.

Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина", пишува Мицевски.

Пратеникот од Алтернатива Скендер Реџепи вчера рече дека дал потпис за изгласување недоверба на Владата на СДСМ и ДУИ, но не знаел дека ќе седнат на иста маса со Левица која, вели, има антиалбански и анти - НАТО ставови. Без неговиот потпис групацијата на партии собрани околу ВМРО-ДПМНЕ не би можела да побара седница за гласање доверба на Владата доколку списокот во меѓувреме не е проширен со барем уште еден пратеник од актуелното владејачко мнозинство. Арбен Таравари пак, вели дека се преговара за трансфер на пратеници од СДСМ и ДУИ. Петре Шилегов изјави дека тоа што се случувало викеднов било само обид опозицијата да остане во политичка игра.

„Во никој случај нема да прифатам мојот потпис да стои на иста листа со потписите на оние кои својата политичка кариера ја градеа и ја проширија навредувајќи ги Албанците", изјави Реџепи.

Според него, пратениците од Алтернатива биле убедени дека Левица нема да биде потписник.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе