По изјавите од Бугарија

Реакција на македонски историчари: Делчев останува во македонските учебници, нема пазар со него

Ако бугарската страна инсистира да се напише дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, тогаш нема да биде постигнат никаков резултат во поглед на тоа прашање, вели Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја и шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовани прашања, формирана согласно Договорот за доброседство.

Во изјава за ТВ Сител Ѓoргиев вели дека во македонските учебници Гоце Делчев ќе остане македонски револуционер и никако нема да се прифати тој да биде признаен како бугарски револуционер.

Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, министри во бугарската влада, деновиве изјавија дека Македонија мора да признае дека Гоце Делчев бил Бугарин и се заканија со попречување на македонското членство во ЕУ доколку тоа не се прифати.

На ова реагираше и историчарката Наташа Котлар која вели дека „апостолот на македонската револуционерна борба, Гoце Делчев, е мaкедoнскa истoрискa личнoст и не мoже дa се пaзaрите зa негo! Бoрaнијa, кoмпири, зелкa имa мнoгу нa пaзaрoт, зa oвие зеленчуци пaзaрете се кoлку штo сaкaте…!“, напиша Котлар.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе