ПО ПРЕСУДАТА НА ОСНОВНИОТ СУД

Реакција на градоначалникот на Прилеп: Дискредитација на мојата личност и работата на општината

Основниот суд Прилеп без да спроведе постапка во која што би ги соочиле аргументите, го потврди налогот доставен од ОЈО Прилеп, иако истиот е апсурден и на него имам изјавено приговор, така што одлуката на судот се смета како воопшто да не била донесена, регира во писмената изјава Марјан Ристески, градоначалникот на Прилеп на денешната информација за пресудата против него на прилепскиот суд.

„Убеден сум дека по спроведувањето на постапката во судот ќе се докаже дека сум целосно во право. Штетата на општинската зграда ја предизвикаа други лица за време на шарената револуција, од кои треба да се бара одговорност. Јас како градоначалник на општина Прилеп имам обезбедено заштита на сопственоста на општината. Во општината функционира служба за обезбедување на општинската зграда и има видео надзор за набљудување на околината на зградата, со што во целост го имам применето членот 50 ст.1 т.15 од Законот за локалната самоуправа.

Целта на сите овие случувања е дискредитирање на мојата личност, локалната самоуправа и сите проекти кои се реализирани во градов изминативе 12 години со што Прилеп од едно заборавено место стана препознатлив бренд во Република Македонија“, се вели во писмената изјава на Ристески.

 

Eве ние ве сакаме, ве каниме да ни се придружите, ама за тоа ќе морате да се откажете од најсветото, од вашето „јас“ !?

повеќе

Доколку Нимиц нè разочара, Владата ќе биде исправена пред тешка дилема дали да стави помалку поволен предлог на референдум или да чека поповолен за да ги максимизира шансите референдумот да успее, но притоа и да ризикува губење на моментумот.

повеќе

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе