По ослободителната пресуда

Реакција на Дурловски: Благодарам на дел од блиските што станаа далечни

Уметникот Игор Дурловски беше единствениот кој денеска за време на изрекувањето на пресудите во случајот „27 април" доби ослободителна пресуда. По пресудата на својот фејсбук-профил Дурловски ја сподели нумерата „Длаборез" во негова изведба.

Тој пред судот беше дочекан со прегратки од блиските.

Еве го неговиот пост:

„Кога слободата е ропство, а среќата тага! Мелем на душа сте ми, сите вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото. Благодарам на дел од блиските што станаа далечни. Длаборез е проект кој со солзи ја гали татковината, а од срце ви го подарувам. Немаше да биде ваков без мајсторијата на моите пријатели: Кокан Димушевски - аудио, Мартин Павловски-шминка, Ласко Џуровски-дизајн на текст“.

 

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе