Реакции за изборот на Аневски за претседател на Советот на обвинители

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека повторниот избор на Петар Аневски за претседател на Советот на јавни обвинители бил незаконски. Според член 8 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители, мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор, соопшти Хелсиншкиот комитет и ги повика членовите на Советот на јавните обвинители да закажат итна седница на која ќе ја преиспитаат својата незаконска одлука.

Наспроти ова Петар Аневски тврди дека ова не е точно.

„Точно е дека бев претседател до август 2016 година, а сега повторно сум избран, но во нов, трет мандат на Советот, значи не сум реизбран во ист мандат“, вели Аневски.

Првиот состав на  Советот на јавните обвинители на Република Македонија е конституиран на 1 август 2008 година, вториот на 1 август 2012 година, а заврши на 31 јули 2016 година. Неодамна е конституиран и третиот состав.

Но, еве што пишува во член 8 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители.

„Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор“, стои во Член 8 став 3 во Законот за Советот на јавните обвинители.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе