Наспроти ова Петар Аневски тврди дека ова не е точно.
„Точно е дека бев претседател до август 2016 година, а сега повторно сум избран, но во нов, трет мандат на Советот, значи не сум реизбран во ист мандат“, вели Аневски.
Првиот состав на Советот на јавните обвинители на Република Македонија е конституиран на 1 август 2008 година, вториот на 1 август 2012 година, а заврши на 31 јули 2016 година. Неодамна е конституиран и третиот состав.
Но, еве што пишува во член 8 став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители.
„Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор“, стои во Член 8 став 3 во Законот за Советот на јавните обвинители.