Развиени општини - посилна држава, 50 години од формирањето на ЗЕЛС

Пред 50 години на денешен ден со обединување на 34 општини е формирана ЗЕЛС, која денеска брои 80 општини плус Град Скопје. Главна цел е да се обезбеди фискална децентрализација на општините и тие да даваат подобри услуги, рече претседателката на ЗЕЛС и градоначалничка на Скопје Данела Арсовска на свеченоста по повод петте децении од основањето на Заедницата. Премиерот Димитар Ковачевски пак, рече дека е добрата соработката на централната и локалната власт значи поразвиените општини посилна економија.

Премиерот порача дека државата силно го подджува рамномерниот регионален развој и затоа реализира инфрасtруктурни проекти за подобри услови за живот во општините и проекти кои ја зголемуваат нивната финансиска независност.

Ковачевски рече дека се реализира реформа за унапредување на фискалната децентрализација преку три главни столба: раст на приходите на општините, отплата на долговите и домаќинско, транспарентно работење, рече Ковачевски и додаде дека Владата реализира 94 инфраструктурни проекти преку ТАВ програмата, вредни 49,7 милиони евра, од кои дел се во завршна фаза.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе