На затворена седница со 2/3 мнозинство

Разрешен реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи

Реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е разрешен од функцијата, дознава МКД.мк од свои извори. Одлуката за разрешување на Реџепи од функцијата е донесена со 2/3 мнозинство. Разрешен е по член 36 и член 59 од Уставот на ИВЗ. 

Гостиварскиот муфтоја Шакир Фетау ќе раководи со Исламската верска заедница до изборот на новиот поглавар.

Тој во изјава за јавноста по завршувањето на денешната седница на Ријасетот не ги кажа причините за разрешувањето на Сулејман Реџепи. Седницата била затворена и за предлогот за разрешување на Реџепи гласале 2/3 од членовите на Ријасетот.

Она што останува нејасно е чиј бил предлогот за разрешување и кои се причините.

Реисот Реџепи деновиве е актуелен со склучувањето на брак со 50 години помлада жена, како и со изјавата со која "го прогласи ковид-19 за умрен".

Контроверзниот Реџепи јавноста го знае и по неколку други изјави, меѓу кои и „судијката да почине". Оваа изјава се однесуваше на судијка која постапуваше во предмет во кој донесе одлука Бузаку да биде нов поглавар.

Движењето на муслиманите за реформи во ИВЗ вчера соопшти дека Сулејман Реџепи ја узурпира функцијата и насилно ја извршува и дека треба да си замине, не затоа што се оженил за 50 години помлада од него жена, туку за сторените криминали и злоупотреби како поглавар на ИВЗ.

 

 

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе