ПО 12 ПРОДОЛЖЕНИЈА ВО СОБРАНИЕТО

Разрешен Марко Зврлевски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата

Пратениците во Собранието попладнево со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, по 12 продолженија на седницата, го разрешија досегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски. 

Пред гласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, бидејќи не се согласуваат со одлуката спикерот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да се прескокне точката за гласање за разрешување на и да се почитува мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата, дека разрешувањето на Зврлевски е незаконско.

Џафери на Димовски му одговори дека единствен барател за автентично толкување на законска норма е Законодавно правната комисија и дека Антикорупциската комисија може да даде мислење, но тоа не е обврзувачко. Единствен државен орган кој може да му укине одлука на Собранието е Уставниот суд на Република Македонија.

Пратениците од владејачкото мнозинство одлуката ја поздравија со аплауз.

Инаку, предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски беше ставен на дневен рд во Собранието на 12 јули, а дискусијата траешедо вчера, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од понатамошна дебата откако стигна мислењето на Антикорупциската комисија.

 

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе