Со указ на претседателката на Косово

Разрешен косовскиот амбасадор во Македонија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на барање на Министерството за надворешни работи и дијаспора, го потпиша указот за повлекување на амбасадорот во Македонија, Ѓерѓ Дедај. Покрај Дедај, разрешени се и „политички именуваните“ амбасадори во Германија, Албанија, Чешка, Холандија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австралија, Црна Гора, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

За 12-те дипломатски претставници е дека биле „политички именувани" од претходните власти.

Шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала-Шварц на денешната прес-конференција изјави дека разрешувањето на амбасадорите претставува само еден чекор во правец на реформите кои претстојат во дипломатската служба.

„Ослободувањето од должноста и повлекувањето на политички именуваните амбасадори е извршено во духот на усвоената владина програма, со која се предвидува реформирање на дипломатската служба. Во наредните недели ќе бидат избрани новите амбасадори и ќе продолжи реформата, која е задоцнета, но се изготвува сериозно, изјави министерката Грвала-Шварц, заблагодарувајќи им се на повлечените дипломати за досегашната служба.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе