Реакција

Рашковски тврди дека не патентирал никаков софтвер, туку само идеја

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, преку објава на Фејсбук демантира дека патентирал некаков софтвер и дека имало поврзаност меѓу неговите патентирани идеи и набавките во Владата додека бил генерален секретар.

„Не сум патентирал никаков софтвер. Во С. Македонија не е можно да патентираш софтвер, туку само идеја - постапка.

Категорично демантирам и отфрлам каква било поврзаност или корелација меѓу моите патентирани идеи со набавките кои Генералниот секретаријат на Владата ги има реализирано во времето кога јас бев генерален секретар.

За да биде уште појасна огромната разлика меѓу идеја и софтвер (производ), ја информирам јавноста дека уште во 2013 година имам патентирано идеја и за гласање со отпечаток од прст. И ја користам оваа прилика однапред да отфрлам каква било поврзаност на мојата патентирана идеја со каков било евентуален софтвер кој државата евентуално би го набавила после евентуален политички договор за употреба на таков софтвер за изборни процеси“, пишува Рашковски.

Тој во објавата додава дека имал патентирани идеи и за попис од 2013 година, за поврат на ДДВ од 2016 година.

„Не е во ред да бидам напаѓан затоа што сум имал идеи и истите сум ги патентирал, а денес се достапни како јавни добра и за нашата земја и за светот“, вели Рашковски.

Во медиумите беше објавено дека владиниот Генерален секретаријат, во времето на Рашковски, набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба иако е платен 81.000 евра. Рашковски изјави дека се координирал со надлежни институции, но во МВР не само што не знаат за набавката, туку и не планираат да ја користат.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе