Дали ќе се прошири истрагата?

Рашковски преку Инвока го вршел тестирањето на кандидатите за судии, а преку Ентер платил 600.000 евра за софтвер за регионален развој

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата со фирмата Инвока набавил и друг софтвер освен оној за контрола во сообраќајот за кој и Рашковски и сопственикот на компанија сега се во притвор. Се работи за софвери за тестирање на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители. А Рашковски, преку охридската фирма Ентер набавил и софвер за регионален развој кој се уште не е во употреба.

Повеќе од 38 милиони денари (630 илјади евра) чинеше софверот за систем за координација во планирањето и спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој. МКД.мк повеќе од еден месец се обидува да добие одговори за оваа набавка од кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања ама одговор не добивме. Договорот за софтверот е потпишан на 26 ноември 2019 година, кога министерка за економски прашања беше Мила Царовска, а сега е Фатмир Битиќи.  Од тој кабинет не добивме одговор на прашањата дали е извршен технички прием на софтверот во мај 2020 година, во кои институции и органи овој систем - софтвер е применет, дали е функционален и која институција е задолжена за рамномерна распределба на буџетските средства во планските региони.

Според договорот три месеци беа предвидени за испорака и инсталација на софтверското решение, а 2 месеци за обука за користење на системот.

Со Инвока Рашковски завршил уште еден проект, а тоа е софтвер за тестирање на кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во канцеларијата на Рашковски на Правниот факултет бил пронајден софтвер за прашања на кандидатите. Директорката на Академијата Наташа Габер  Дамјановска вели дека таков софтвер од Инвока кај нив е во употреба, но нема сознанија за тоа што било пронајдено и дали можело да биде злоупотребено.

Освен Рашковски, во притвор и сопственикот на Инвока груп, Даниел Станчевски. Останатите двајца осомничени остануваат со одземени пасоши и забрана за напуштање на живеалиштето. Обвинителството ја отвори истрагата околу набавката на софтвер вреден 80 илјади евра кој Рашковски го набавил од фирмата Инвока, а за кој МВР тврдеше дека не ѝ е потребен.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе