Реакција

Рашковски одговори на втората „бомба“, јавете се во компанијата Леонардо и прашајте дали сум барал нешто за себе

Многу е едноставен одговорот на сите обвинувања. Јавете се во компанијата Леонардо и прашајте: Дали генералниот секретар ви побарал материјална или друг вид на корист било кога? – напиша попладнево на својот фејсбук-профил Драги Рашковски.

Денеска со официјално соопштение М-НАВ се закани со тужби и барање на надомест на штета, ако им биде причинета штета по синоќешното објавување на втората „бомба“ за генералниот секретар на владата, Драги  Рашковски и преговорите за набавка на авио-навигациска опрема од италијанската компанија Леонардо. Јавноста е доведена во заблуда околу случајот со тендерот за набавка на авио-навигациска опрема, соопштија од М-НАВ.

Денеска премиерот Зоран Заев изјави дека првин треба да ја чуе новата снимка, па потоа ќе се изјасни дали ќе побара оставка од генералниот секретар на Владата.

Вчера нова аудио-бомба одекна од состанокот во кабинетот на владиниот генерален секретар, Драги Рашковски. Снимениот разговор, овој пат го објави порталот „Економски лидер“, со тврдење дека го добиле од свиркач-информатор. И овој пат, повторно се слуша разговор за тендерската постапка за набавка на радарска опрема од италијанската компанија Леонардо. Освен гласот на Рашковски, како што тврди порталот, се слушаат и тогашниот технички директор на М-НАВ Климент Чапуњовски и директорот и претседател на Управниот одбор на компанијата Николче Тасески.

Тврдењата на порталот упатуваат на тоа дека според аудио-снимката, Рашковски, бил свесен дека во тој момент не смеел да разговара со претставниците на Леонардо и да се прави записник, бидејќи тоа е против правилата на Европската банка за обнова и развој, која е финансиер на проектот.

Чапујновски според снимениот материјал, му укажува на Рашковски дека не може да се прави записник за состанокот со компанијата Леонардо, затоа што тоа е против правилата на банката (се мисли на Европската Банка за Обнова и развој – која го финансира проектот). На неговата реакција се надоврзува и директорот Тасески.

„Ние не смееме да разговараме со нив пред да се прати „Letter of Award” (писмо со кое се потврдува дека компанијата го добила тендерот)“, му вели Тасески на Рашковски.

На ова, генсекот на владата, свесен дека е во центарот на нелегална активност, на Тасески му вели: „Потивко, хахаха.“

На прес конференцијата која Рашковски ја одржа во вторникот, тој го обвини Чапујновски дека нелегално го снимил состанокот. „Немојте да ме дриблате, и така правите работи кои што се предмет на истрага“, заканувачки им вели Рашковски на Тасески и Чапујновски, свесен дека постои истрага за тендерот кој пробува да го протне.

Рашковски вели дека и покрај тоа што нема надлежност да присуствува и да договара тендер за М-НАВ, тоа го правел затоа што бил задолжен од Владата. Како доказ дека му било наложено, на новинарите им достави документ кој е потпишан само од него, но не и записник од седница на Владата на кој му се дава таков налог.

Минатата недела порталот „Експрес“ објави аудио бомба во која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендер тежок 7 милиони евра за државната компанија М-НАВ.

 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе