Влада

Рашковски: Договорот за хеликоптерска прва помош е ремек-дело, државата нема да плати ни денар

Услугата за граѓаните ќе биде бесплатна, а двата хеликоптера, хелиодромите и другата опрема по истекот на договорот остануваат во сопственост на земјава, изјави денеска генералниот секретар во Владата на Македонија, д-р Драги Рашковски по одредени нејаснотии во јавноста во однос на завршениот тендер за избор на најповолна понуда за воспоставување на јавно приватно партнерство (ЈПП) за хеликоптерски итен медицински систем во Македонија (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР).

За 30 дена треба да се потпише договорот со компанијата САРХЕМС дооел Скопје, по што рокот за старт е 6 месеци. Во овој период САРХЕМС ќе треба да купи два хеликоптера, да опреми 8 хелиодроми низ земјава и да го воспостави целокупниот систем за спасување - пилоти, медицински екипи и поврзаност со постоечките државни служби - МВР, ЦУК, Брза помош, армија... Според договорот, за овие 6 месеци компанијата ќе треба да инвестира 9 милиони евра, а секоја година за времетраењето на договорот (8 години) на државата да ѝ плаќа 10.000 евра. Владата за таа намена ќе треба да обезбеди државно земјиште на времено користење. Интервенцијата на хеликоптерите треба да биде во рок од 15 минути на територијата на целата земја.

Партнер на САРХЕМС е  шведската компанија на SHC Swedish Helicopter Consortium AB.

На повикот интерес покажале 8 компании, а 5 од нив подигнале тендерска документација. Тоа се компаниите Babcock International, German Healtcare Services DOO Kosel-Ohrid, SHC Swedish Helicopter Consortium AB, Eli Friulia Helicopter Centar (SOS ARL) и Air Transport Europe.

Како целосни дезинформации, Рашковски ги оцени наводите што ВМРО-ДПМНЕ ги истакна во јавноста дека овој договор ќе ги чини граѓаните и Буџетот на државата 72 милиони евра, што е злонамерна интерпретација добиена од вредноста на инвестицијата, што е трошок на приватниот партнер, помножена со бројот на годините на кои ќе биде потпишан договорот.

Договорот предвидува дека двата хеликоптера, хелиодромите и другата опрема за извршување на оваа дејност, по истекот на рокот од 8 години, остануваат во сопственост на Македонија.

Нејаснотиите околу бизнис-моделот на овој договор за ЈПП, според Рашковски се разјаснуваат со можноста овој приватен партнер да склучува договори со разни осигурителните компании кои на странскитте туристи или транзит патниците ќе им ја нудат и оваа услуга во случај на некаква несреќа.

Оваа услуга за македонските граѓани, и оние со здравствено и без здравствено осигурување ќе биде бесплатна и достапна 24 часа во денот.

Сопственик на СAРХЕМС е Саша Џаковиќ од Гетеборг. Тој е и основач на компанија во Шведска која што се нарекува „Свидиш хеликоптер конзорциум” со седиште во Упсала. Интернет страницата на оваа компанија е регистрирана кон крајот на 2017 година, сајтот станува оперативен во 2018-та. САРХЕМС е основана во Скопје, 24 дена пред датумот на распишување на тендерот.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе