ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД СЈО

Рангелова: Ниту сум пополнувала, ниту сум уплаќала уплатници за донации за ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

„Осомничена сум за организирање на група за пополнување на уплатници во 2010 година за донирање на средства“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство. 

Рангелова во СЈО се задржа триесетина минути и по излегувањето рече дека побарала побарала увид во доказите и ѝ било кажано дека ќе ѝ бидат доставени. Таа демантираше дека била вклучена во организирање уплати на донации за партијата.

„ Во општинскиот комитет Центар јас во 2010 година немам никаква функција и не сум пополнувала, ниту уплаќала уплатници, ниту пак сум била организатор на некаква група.

Истрагата ќе продолжи и ќе почекаме да заврши постапката“, изјави Рангелова.  

Таа беше повикана на распит во врска со истрагата за случајот „Талир“. 

 

                                                                                                                     К.Д.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе