Рамиз Мерко: Баш нѐ брига за реакциите на невладините за дивоградбите

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели дека не му е гајле за реакциите на јавноста и на невладините организации дека се градат нови дивоградби во Струга. Тој не го прифаќа предлогот на Антикорупциската комисија надлежноста за уривање на дивоградбите да биде префрлена на владата. Мерко останува на ставот дека во Струга сѐ што е изградено е легално.

„Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите. За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не напаѓаат, „нас баш не брига“ изјави Мерко за медиуми.

Тој потсети дека кога ги остапувал ингеренциите во делот на урбанизмот, владата не ги прифатила и сега, вели Мерко нема закон со кој што владата може да му ги одземе надлежностите во делот на справувањето со дивоградбите.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе