Реакција

Рамадани: Очекувам од седиштето на НАТО да реагираат по изјавата на Каракачанов

Изјавата на Каракачанов е сериозна, но и апсурдна. Бидејќи изјавата доаѓа кога и тие и ние сме членки на НАТО, има некои правила меѓу сојузниците кога вакви изјави не се прифатливи, вели претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани.

Тој ја осуди изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој се закани дека ќе го испрател бугарски инженериски полк да ги демонтира спомениците во Македонија.

„Очекувам да реагираат и од седиштето на НАТО, па дури и генералниот секретар. Би требало да има реакција затоа што ако упатиш ваква закана кон земја сојузник тоа веќе ги надминува сите граници на однесување помеѓу членките на НАТО“, рече Рамадани на Канал 5.

Претходно министерката за одбрана Радмила Шекеринска во врска со изјавата на бугарскиот колега Каракачанов рече дека поминало времето кога такви изјави некој ги сфаќал сериозно.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе