Интервју на албанскиот премиер

Рама за „Политико“: Не очекуваме преговори со ЕУ, по вина на Бугарија

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Политико“ вели дека не очекува Албанија наскоро да ги започне преговорите со Европската Унија и нагласи дека така стојат работите по вина на Бугарија иако Албанија и Северна Македонија ги исполниле сите услови на ЕУ. Рама информира дека застојот на интеграцискиот процес е затоа што Бугарија бара отстапки Северна Македонија кои се однесуваат на јазикот, идентитетот и историјата.

„Уште во март 2020 година сите влади на земјите членки на ЕУ се согласија да дадат зелено светло за Албанија и Северна Македонија за да ги отпочнат преговорите за членство. Но, преговорите допрва треба да започнат откако Бугарија инсистираше на тоа дека сака отстапки од Северна Македонија во билатералните спорови кои се однесуваат на јазикот, историјата и идентитетот“, вели Рама.

Иако блокадата на Софија се однесува само на Македонија, ЕУ фаворизираше заеднички да ги решава кандидатурите за членство на Албанија и Северна Македонија - така што и Албанија е практично блокирана, нагласува албанскиот премиер. Тој вели дека е тешка состојбата во Западен Балкан и дека во средината на воената криза Украина притиска да добие кандидатски статус и потсетува дека Македонија со кандидатски статус се стекна уште во 2005 година, а Албанија во 2014 и дека до преговори се уште не е дојдено.

Рама не верува дека нешто ќе помести германскиот канцелар Олаф Шолц со неговите разговори што ги имаше мината недела во Софија.

„Немам никакви очекувања. Мислам дека ништо нема да се случи. Албанија и Северна Македонија нема формално да отворат разговори за пристап", рече тој.

Рама не верува ниту дека нешто може да значат сигналите на некои лидери од ЕУ, бидејќи вели, не е до нив работата, туку до Бугарија.

„Тоа е спирала. Влегоа во спирала. И од таа спирала, многу, многу е тешко да се излезе", изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Политико,

.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе