„Сè уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било сме посветени да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“, напиша Рама под фотографијата.
Претходно, во изјава за медиумите кои го следат Самитот, Рама изјави дека нема никакви очекувања од Европската Унија, затоа што, како што потенцира, „срамота е што една земја членка на НАТО - Бугарија, блокира две земји членки на НАТО - Албанија и Северна Македонија“.