По средбата со Фон дер Лајен

Рама: Преговорите со ЕУ зависат од членка која со инает се однесува кон една земја, а друга држи како заложник

По средбата со албанскиот премиер Еди Рама во тирана, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен повтори дека дава целосна поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Македонија со ЕУ, што е можно поскоро.

„Ние разговаравме за тоа во минатото, работиме на тоа. Двете земји ги исполнија сите свои задачи и сега ние сме тие што треба да го реализираме својот дел. Јас сум одлучна Албанија и Северна Македонија да ги отворат преговорите што е можно поскоро. Очекувам меѓувладината седница да биде до крајот на годинава“, изјавила Фон дер Лајен. 

Рама, во неговот познат стил вели дека „веќе нема да се подготвуваат за свадба, зашто тоа сега е во рацете на сватовите“.

„Многупати до сега бевме подготвени за свадба, но сватовите не дојдоа, сега не се подготвуваме за свадби, туку за изјави на љубов, бидејќи свадбите се во рацете на сватовите. Ние сега ја правиме нашата работа, не затоа што тоа го бараат Брисел, Париз или обединета Европа. Продолжуваме да го користиме знаењето и искуството на ЕУ за да се модернизираат нашите институции за нашите деца. Потоа, дали конференциите и поглавјата ќе бидат отворени или не, е прашање на ЕУ, не на Комисијата, туку на член на европското семејство кој со инает се однесува кон друг, а друг држи како заложник. Имаме толку многу други работи што треба да ги направиме што не треба да го губиме фокусот, трпението или смиреноста, туку треба да одиме напред“, рече Рама. 

Фон дер Лејен во Албанија се сретна и со претседателот Илира Мета, а присуствуваше и на пуштањето во функција на реконструирани училишта и градинка кај Круја, погодени од катастрофалниот земјотрес, а кои се обновени со европски пари. 

По средбата со Фон дер Лајен, Мета се огласи на Фејсбук.

„Задоволство беше да се сретнам денес со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Имаме доверба во Европската унија и поддршка од Комисијата за унапредување на односите меѓу нас. За таа цел, интензивирањето на билатералните напори за решавање на внатрешните и надворешните предизвици е клучно за заедничкиот успех“, напиша Мета.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе