Економски форум во Скопје

Рама: Изгубивме векови, наместо грб со грб, време е да се свртиме кон соработката

Албанскиот премиер Еди Рама о воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека земјите во регионот изгубија премногу време, или како што рече, „изгубивме векови, долго време живеевме задоволувајќи се со страдањето на другите, не гледавме што можеме да добиеме од соработката“.

Нагласувајќи дека за Албанија иницијативата за регионална соработка е стратешка и ќе продолжи кон заеднички поставените цели, Рама запраша „зошто ние да сме завртени грб со грб додека земјите на ЕУ си имаат свој ритам, свое движење?“.

„Ако некој каже дека оваа иницијатива е проектирана во екс-југословенските подруми, за да се основа повторно некаква Југославија, или да ѝ се даде хегемонија на Србија, бидејќи е најмоќна, па ќе ни одземе сѐ, тогаш тој живее во некој паралелен свет. Ова не е ни помалку, ни повеќе, туку формирање на амбиент којшто живее со принципите, вредностите и механизмите на ЕУ и притоа секоја земја си ги води своите напори за пристапување кон ЕУ“, изјави Рама.

Тој порача дека на иницијативата треба да се приклучат и други земји од регионот и да дадат максимум за овој процес и за доброто на своите граѓани.

„Не ја разбирам Црна Гора, зошто не ни се приклучи. Дали мисли дека може да се реши економијата, ако останат затворени кон оваа иницијатива. Што е сериозен проблем овде? Што мисли БиХ и зошто исто така не се приклучат на оваа регионална соработка? Знам во кој правец размислува Косово. За мене сите овие земји треба да бидат дел од процесот за своите граѓани“, рече Рама.

Говорејќи за Форумот, тој кажа дека се овде за иднината и дека само така ќе се решат сите проблеми.

„Овде формиравме амбиент кој живее со европските вредности. Сите камиони во регионот ќе чекаат помалку на границите“, изјави Рама.

Албанскиот премиер додаде дека иницијативата има за цел заживување на четирите основни слободни на Европската унија.

„Слободата на движењето на луѓето, движење на добрата, капиталот и на услугите. Ние не сакаме да живееме во минатото, преку оваа иницијатива сакаме на овој регион да му донесеме пример каков што е Европската унија. Зошто треба да чекаме затворени со граници и свртени едни кон други со грб како во минатите 500 години, наместо да се има ритам и движење како земјите во ЕУ. Оној момент кога ние ќе се интегрираме во ЕУ ќе го правиме она што и сега го правиме ние, но сега без ЕУ. Значи утре како дел од ЕУ, нема да се разговара понатаму дали овие четири слободи ќе се овозможуваат во нашиот регион“, рече Рама.

 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе