За помошта во Албанија

Рама им се заблагодари на Заев и другите балкански лидери: „Реагираа брилијантно“

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа им се заблагодари на македонскиот премиер Зоран Заев и на другите лидери во регионот што ѝ помогнаа на Албанија да ги санира последиците од силните земјотреси.

За време на средбата со странските амбасадори акредитирани во Албанија, Рама им се заблагодари на нивните земји за помошта по земјотресот што ја погоди земјата на 26 ноември.

„Не можам да најдам зборови со кои би искажал колку ни значеше таа поддршка… Беше брилијантно како реагираа Вучиќ и Заев... да не ги спомнувам нашите браќа од Косово. Брилијантно“, нагласи Рама.

Албанскиот премиер се заблагодари и за пораките на поддршка од Унгарија и Романија, потсетувајќи дека романскиот тим за спасување дошол во Албанија по своја иницијатива.

„Прекрасно е да се види како доаѓаат луѓе од цела Европа, кои никогаш не стапнале на тлото на Албанија, кои немаат никакво познавање на албанскиот јазик, ниту искуство во ризикување на своите животи за непознати луѓе“, рече албанскиот премиер.

Рама, исто така, за нивната поддршка им се заблагодари и на Соединетите Американски Држави, на другите европски земји, на папата Франциско и на Саудиска Арабија и се извини ако заборавил да спомене некого.

Операциите за пребарување и спасување преживеани од земјотресот во Албанија официјално заврши, се верува дека во урнатините нема повеќе тела.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе