Албанскиот премиер инспириран од стоењето пред портите на Брисел

Рама: ЕУ е како Семјуел Бекет, а Албанија и Македонија како ликовите oд „Чекајќи го Годо“

Албанскиот премиер Еди Рама поради долготрајното чекање Брисел да ги отвори преговорите за Албанија и Македонија, Европската Унија ја спореди со Семјуел Бекет, а двете соседни земји со ликовите од неговата антидрама „Чекајќи го Годо". Во изјава за италијанската новинска агенција АНСА Рама вели дека Албанија и Македонија се во апсурден ќорсокак, како во драмата, чекаат нешто што не доаѓа. Бугарија стави вето за Македонија, Албанија чека да се тргне ветото кое не е кон неа, додека пак, ЕУ не реагира. 

„Италија беше наш верен поддржувач цело време. Прво Ренци, потоа Гентилони, па Конте и особено Ди Мајо не можеа да се ангажираат повеќе од тоа за да потврдат дека заслужуваме отворање преговори. Но, ЕУ е далеку од стратешкиот потег и за неа премногу често изборите во една или во друга земја се поважни од целите, кои се однесуваат за иднината на генерации на Европа“, изјави Рама.

Ниту сум оптимист, ниту песимист, јас сум реалист, вели Рама и нагласува дека работите повеќе и не зависат од двете соседни држави, Албанија и Македонија,

„Знам, и сите знаат, работите зависат од Европската Унија. Во текот на повеќе од две години реализиравме сè што беше неопходно за формален почеток на пристапните преговори. Но тие, тие сè уште не го одржаа своето 'ветување' поради нивните проблеми и затоа што Бугарија ја блокира Северна Македонија“, нагласи Рама.

Според него, Албанија и натаму е во чекалната затоа што Бугарија стави вето за Македонија.

„Па така, сосема необјасниво, Албанија исто така треба да чека Бугарија да го укине ветото за Скопје. Како и да е, мислам дека овој напор помага да разбереме дека треба да одиме напред што е можно повеќе и притоа да не се  залажуваме себе си, но не се откажуваме од остварување на сонот на многу генерации, а тоа е да бидеме составен дел на Европа. По секоја цена“, рече Рама, потенцирајќи го познатиот израз „По секоја цена", кажан од Марио Драги, поранешен прв човек на Централната европска банка, во време кога се спасуваше вредноста на еврото и кој го понесе прекарот Супер Марио.

Рама констатира дека Албанија и Македонија, кои ги исполнија сите критериуми и барања од Брисел „спроведуваат тешки реформи, но ќорсокакот продолжува".

„Чекајќи го Годо" е антидрама (театар на апсурдот), која претставува празнина, чекање како празно дејство. Во неа има низа дејствија и низа дијалози кои не претставуваат ништо – само празно губење на времето додека се чека нешто што нема да дојде.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе