Снимка од тој момент кога беше кажана досетката улови Косовската телевизија.
На својот Фејсбук Рама попладнево напиша неколку збора за Самитот на ЕУ:
„Имаше зборови на пофалби за нашите обраќање, но ЕУ не можеше да ги ослободи заложниците на Бугарија“.
А на прес-конференцијата во Брисел тој, потсетувајќи каква жртва направи Македонија со промената на уставното име, запраша:
„Можете ли да замислите Франција или Италија да го менувале името за да влезат во ЕУ“?
Неодамна Рама во Солун направи слична досетка кога „го корегираше“ грчкиот премиер Мицотакис при претставувањето на македонскиот премиер Ковачевски пред германскиот канцелар Шолц. Кога Мицотакис рече „премиерот на Северна Македонија“, Рама видно расположен додаде: „Идниот премиер на Западна Бугарија“, што беше проследено со смеење.
Подоцна Рама објасни дека тоа беше иронична забелешка поради односот на Бугарија кон Македонија.
„Ја иронизирав грдата блокада на Македонија од Бугарија“, дообјасни Рама.
Претпладнево во Брисел Рама беше многу конкретен кога ја обвини Бугарија за застојот на проширувањето на ЕУ: „Една земја членка на НАТО - Бугарија, блокира две земји членки на НАТО - Албанија и Северна Македонија“.