Реакцијата на Рама е насочена кон партиите, политичарите и поединците кои побараа оставка од премиерот Димитар Ковачевски кои сметаат дека по досетката на Рама во Солун „иден премиер на западна Бугарија“, Ковачевски требало да реагира, а не да се смее.
Вчера од кабинетот на Рама за ТВ 21 изјавија дека досетката на Рама претставувала сарказам за Бугарија и иронија за ЕУ.
Рама во Солун направи недипломтски досетка во неформалната атмосфера пред вечерата што за учесниците на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа ја приреди домаќинот, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Мицотакис на германскиот канцелар му ги претстави премиерите на Албанија и на Македонија:; „Премиерот на Албанија и премиерот на Северна Македонија“,
На тоа Рама, видно расположен со чашка во раката додаде; „Иден премиер на западна Бугарија“, што беше проследено со смеење на присутните, меѓу кои и од Ковачевски.
Рама инаку е познат по својата духовитост, неформално однесување и облекување и често предизвикува внимание на новинарите и снимателите.