Албанскиот премиер преку Твитер

Рама: Бугарија ја киднапира ЕУ, Брисел ќе ни рече извинете, не!

Не! Извинете! Се чини тоа ќе го слушнеме од Брисел. Ова е пораката на албанскиот премиер Еди Рама упатена преку Твитер во која тој уште нагласи дека целата Eвропска Унија е киднапирана од Бугарија.

Пораката премиерот Еди Рама ја објави по видео-конференциската врска што ја имал со премиерите на Македонија и Србија Димитар Ковачевски и Александар Вучиќ, на која, како што е веќе соопштено, се разговарало дали утре тројцата премиери да одат или да не одат во Брисел на Самитот за проширување на ЕУ. 

„Денеска со лидерите на Србија и на Северна Македонија пошироко разговаравме за претстојниот Самит на ЕУ. Се чини дека уште едно 'Не, извини!' ќе биде она што ќе го слушнеме на крајот! Целата Унија е киднапирана од Бугарија и тоа не е добар спектакл за гледање! Што да се прави таму“?!

Инаку, Рама денеска во Тирана имал средба со финската премиерка Сана Марин, која вчера беше во Скопје. И неа ѝ кажал дека нема очекувања од ЕУ.

„Јас ѝ реков на премиерката дека не очекувам ништо ново на овој Совет, но земјите на ЕУ до крај, вклучително и Финска, се обидуваат со Бугарија да го отворат патот на разумот и да го ослободат процесот. Заради тоа сме благодарни“, кусо изјавил Рама.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе