Рама: Албанија е колатерална штета поради бугарското вето за Северна Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека неговата земја ги исполнила сите услови за интеграција во Европската Унија, но дека таа станала колатерална штета поради ветото што Бугарија ѝ го стави на Македонија.

Фото: ЕПА

Рама во интервју за „Франс 24“ ситуацијата во Албанија ја оцени како „апсурдна“.

„Ние сме во многу апсурдна ситуација, бидејќи Албанија во моментов е колатерална штета на конфликтната ситуација меѓу Бугарија и Северна Македонија, иако добивме зелено светло не само од Европската комисија, туку и од Европскиот совет“, рече Рама.

„Бугарија од џеб извади барања од историски и идентитетски карактер кон Северна Македонија и тој процес останува блокиран, бидејќи како што знаете, Европскиот совет лесно се блокира со ветото на една негова членка“, објасни Рама.

Рама истакна дека Франција неколку години имала помалку ентузијастички став, што не било поврзано со Албанија или со проблемите на Албанија, туку исклучиво со визијата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се залагаше за продлабочување на реформите во ЕУ со цел побрзо да се придвижи со проширувањето.

„Визијата на Макрон беше протуркана преку нов метод на интеграција, кој подоцна беше одобрен од сите. Ниту Франција, ниту Германија немаат сила да влијаат врз Бугарија денес, што е прилично комплицирана позиција да се објасни, но што го прави процесот уште покомплициран, бидејќи покренува прашање меѓу нас и ЕУ што е јасно билатерално меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече Рама.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе