Радев за критиките од Трифонов: Им помагаме на нашите браќа и се штитиме самите од пожарот

Не треба да се критикува одлуката да се испратат пожарникари да помогнат во борбата против пожарите во Северна Македонија, вели бугарскиот претседател Румен Радев, одговарајќи на коментарите од претседателот на „Има таков народ“, Слави Трифонов дека „убаво е да им се помага на соседите, ама и во Бугарија недостигаат пожарникари“.  

„Најголемата закана доаѓа од пожарите на територијата на Северна Македонија, каде фронтот се приближува на четири километри од нашата граница. Благодарност до сите пожарникари, војска, полицајци, шумски работници за нивната несебична борба. Благодарност до тимот на противпожарната служба од Благоевград, кој во моментов се наоѓа во Северна Македонија. Тие заслужуваат признание, а не прекорувања за тоа што се таму. Тоа е долг кон нашите браќа, а пожарникарите исто така се борат стихијата да не дојде кај нас. Ве молам, бидете внимателни со квалификациите“, нагласи Радев на состанокот со премиерот Стефан Јанев за состојбата со пандемијата на коронавирусот, како и за состојбата со пожарите.

За состојбата со пожарите зборуваше и Јанев и рече дека не е добра, како и дека властите мора да се будни. Во врска со пожарите во Македонија тој изјави дека намерно испратиле тимови да се борат со пламените јазици во Пехчево и Берово.

„Ако некој има сомнежи за одлуката, нека ги праша луѓето во Благоевград каков чад имало и каков воздух дишеле“, порача Јанев.

Според шефот на бугарската противпожарна служба, Николај Николов, во моментов минимална е веројатноста, помалку од 10 отсто, пожарот од Македонија да се префрли и на бугарска територија. Границите на пожарот, како што изјавил Николов, се на околу 4 километри од македонско-бугарската граница, а активниот пожар е на 7,5 километри.

„За да не се префрли пожарот во Бугарија 25 бугарски пожарникари во Северна Македонија имаат задача да штитат од опожарување две села и да внимаваат на источниот фронт од пожарот“, изјавил Николов.

 

 

 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе