„Грижата“ на Софија

Радев: Во РС Македонија има 100.000 граѓани со бугарско државјанство, нивните права мора да се почитуваат

Бугарскиот претседател Румен Радев бара соодветна реакција од одговорните институции во Бугарија и во Македонија, откако добил писмо од „етничките Бугари“ во Македонија во кое изразуваат загриженост од „натамошното дискриминирање во Република Северна Македонија“. Бугарското МНР одговори дека секогаш реагирало на таквите сигнали на дискриминација на сите дипломатски нивоа.

Радев во барањето до институциите се повикува на човековите права и заштита од дискриминација како основа на демократијата и вели дека тие се дел од Копенхашките критериуми за членство во Европската Унија. Според него, почитувањето на слободното право на самоопределување на Бугарите во Македонија, кои и покрај „сите репресии во тоталитарното минато, продолжуваат отворено да го потврдуваат својот бугарски национален идентитет“ е клучниот чекор во развојот на добрососедските односи меѓу двете држави.

„Над 100 илјади граѓани во РСМ имаат бугарско државјанство, добиено врз основа на изразување на слободна волја и потврда за нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други се во процедура на разгледување на барањата. Овие објективни факти очекуваме да се земат предвид при спротивставувањето на официјалните власти на РСМ против јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите во РСМ. Бугарите во РСМ треба да имаат исти права како и другите граѓани во државата, со почитување на највисоките светски и европски стандарди“, вели Радев.

Тој уште ги поддржува барањата до бугарските институции за олеснување на процедурите за добивање бугарско државјанство за оние „со бугарски идентитет во РСМ“, а институциите во Македонија да обезбедат услови и да го гарантираат правото на Бугарите на слободно и јасно самоопределување како Бугари по потекло во согласност со меѓународното право.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе