Разговори на бугарскиот претседател со германскиот канцелар

Радев побара од Шолц ЕУ да биде гарант за „правата на Бугарите во Македонија и бугарското наследство“

Претседателот на Бугарија Румен Радев на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во претседателскиот кабинет нагласил дека бара од Европската Унија да биде гарант за почитување на правата на Бугарите во Македонија. „Односите меѓу Бугарија и Северна Македонија не се само историски спор, важно е да се почитуваат и критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ, вклучително и човековите права и недискриминацијата. Тоа се неопходни услови што мора да ги исполни нашиот југозападен сосед пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ“, рекол Радев.

„Претседателот инсистираше Европската Унија да биде гарант за почитување на правата на македонските Бугари во Република Северна Македонија. Потребни се јасни механизми и мерливи критериуми за следење на преговарачкиот процес, што ќе доведе до одржливост во исполнувањето на критериумите за членство на Република Северна Македонија. Бугарскиот претседател ја истакна и важноста од зачувување на бугарското културно и историско наследство во Република Северна Македонија“, соопштиле од кабинетот на бугарскиот претседател за средбата во „четири очи“.

Румен Радев и Олаф Шолц размениле и мислења за прашања во рамки на ЕУ, вклучително и диверзификација на снабдувањето со енергија, зајакнување на безбедноста на Европа во контекст на војната во Украина и европската перспектива на Западен Балкан.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе