„Издржавме, ама притисокот ќе продолжи”

Радев: Не може да кажеме „да” додека Скопје не престане да ја краде бугарската историја

Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на Европскиот совет пред новинарите се пофали дека во последен момент успеале да ја тргнат точката за Македонија од дневниот ред и рече дека во последниот еден и пол месец Бугарија била под огромен притисок од европските партнери на денешниот Совет да се дозволи почеток на преговорите со Македонија. 

Според Радев, Бугарија на претходниот Совет во мај била во изолација, во неа бил вперен прстот и била обвинувана за блокирање на реговорите со Македонија и со Албанија.  

Тој изјави и дека имал многу лични средби и разговори со лидерите на европските институции, со еврокомесари, како и со државниот секретар на САД. 

„Верувам дека тие сфатија дека критките кон Бугарија се неосновани. Дека имаме јасна позиција за изнаоѓање решение на овој проблем и дека се потребни гаранции и одржливи резултати во билатералните односи. Време е да излеземе од семјната дипломатија пред камерите и да се фокусираме на прагматичните решенија”, вели Радев. 

Тој уште додал дека последниот еден и пол месец Бугарија докажала, и покрај притисокот, дека е одговорна членка на ЕУ и нема да дозволи внесување на нови проблеми во Унијата. 

“Да не бидеме наивни. Ние успеавме не само да ја тргнеме оваа точка од дневен ред туку и да го отфрлиме притисокот за обврзување за почеток на преговори на Република Северна Македонија со рокови. Но засега. Притисокот ќе продолжи”, изјави Радев.

Тој повторува дека Софија се држи до Копенхашките критериуми за членство и не може да „помине” дрискриминацијата на граѓани во Северна Македонија само заради нивната определба како Бугари, што е спротивно на европските вредности и принципи. 

„Нема да кажеме ‘да’ пред да видиме механизми за искоренување за искоренување на искривениот наратив и односот кон Бугарија во учебниците, музеите, спомениците, до медиумите и државната политика. Не можеме да кажеме ‘да’ додека не се увериме дека нашиот сосед нема да го гради својот идентитет врз кражбата на бугарската историја“, вели Радев. 

Тој порача дека Бугарија останува отворена за брзи и плодни билатерални разговори во интерес на граѓаните од двете земји, додавајќи дека „луѓето во Северна Македонија се наши браќа и ние сме должни да им помагаме, како што сме правеле секогаш”. 

 

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе