Порака од Софија

Радев: Ќе ја поддржиме Северна Македонија, ама не на сметка на бугарската историја, јазик и идентитет

Бугарија треба да ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцијата, но не на сметка на бугарската историја, јазик и идентитет, порачал претседателот Румен Радев на средба со бугарските претставници во Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историски образовни прашања меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Според Радев, како што објави БНТ.бг, ако наредниот месец не биде постигнат договор за спорните прашања, треба да се изготви нова национална позиција за заштита на бугарскиот интерес.

Радев им изразил благодарност на членовите на комисијата за досегашните резултати на Комисијата, но искажал и загриженост од тоа што последниот состанок во Софија завршил без напредок за спорните прашања.

„Напредокот во вашата работа е основен критериум за исполнувањето на Договорот за добрососедство. Последната средба на Комисијата создава немир. Темпото на напредок во работата на Комисијата заостанува зад развојот на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. Следниот месец може да биде клучен во нашите односи, зашто Советот на ЕУ може да донесе решение за започнување на преговорите за членство со Северна Македонија. Ако вие можете да дадете гаранција дека за еден месец Комисијата ќе ги реши сите спорни прашања, тогаш бугарската Влада може да продолжи со политиката на безусловна поддршка на членството на Северна Македонија во ЕУ. Но, ако не може да се даде таква гаранција, Владата треба да преземе конкретни мерки и да заземе нова позиција со јасни критериуми за заштита на бугарскиот национален интерес кои ќе ја засегаат и преговарачката рамка за Република Северна Македонија. Нема да дозволиме нерешени меѓусоседски проблеми да бидат внесени во нашето европско семејство“, кажал Радев.

 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе